Македониум

Хероите на Илинден - Евреи

На покана од НКС “Десет дена Крушевска република”, а во чест на Евреите херои на Илинден и народно-ослободителната борба, и во сеќавање на жртвите на холокаустот, од 2011 годинасе одржува  “Вечер во чест на Евреите - херои на Илинден” што (веќе традиционално) ја организира Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница на Република Македонија.

 

 

Постојат историски податоци за учеството на Евреите во македонската револуција (илинденскиот војвода Рафаел Камхи кој за време на Илинденското востание бил на чело на единицата во Дебар, како и Ментеш Колономос, Санто Ароести, браќата Мушон и Аврам Нисан) и во Младотурската револуција. Многумина од нив ги прифаќаат и визиите на Кемал Ататурк. Воедно постојат и белешки за разговори меѓу Ѓорче Петров и Теодор Херцл за ослободување на Македонија. ( http://www.ezrm.org.mk/index.php/mk/history )

 

 
Рафаел Камхи – восочна фигура во Музејот на македонската борба за државност и самостојност

Рафаел Моше Камхи (Битола, 1870 година - Тел Авив, 1970 година) е македонски револуционер од еврејско потекло. Во 1894 година се запознал со Даме Груев и влегол во ТМОРО. Учествувал на Првиот конгрес на ТМОРО во 1896 година, во Солун, како битолски делегат на местото на Даме Груев. Учествува во Аферата Мис Стон. Во 1903 е депортиран заедно со брат му Ментеш во Дебар. Се поврзал со тамошната организација и под името војвода Скендер Бег, учествувал во Илинденското востание во Дебарско, а потоа и во Малесија...

 

... Рафаел Моше Камхи претставува значајна фигура во македонското национално револуционерно движење во кое оставил значајни траги со своето револуционерно дејствување и со своите автентични сеќавања и записи. Тој подеднакво му припаѓал на својот еврејски народ ...  но истовремено, претставува и чесен син на македонскиот народ, кој сфатил дека татковината во која заедно се живее, мора да се сака со чиста љубов и со лојалност и да се бори за нејзината слобода. Оттаму и долгот на нашата историографија за натамошно расветлување на неговиот лик и дело, како значајна вредност на еврејскиот и на македонскиот народ и на нивната поврзаност со заедничката судбина, заедничката борба и живот.

http://www.mn.mk/makedonski-legendi/6828-Rafael-Mose-Kamhi

 

 

 

 

2012

Гостување на  хорот  “Моис Хасон” во “Десет дена Крушевска република”

 

 

Хорот  “Моис Хасон”

Камерниот хор на ЕЗРМ го носи името на талентираниот еврејски диригент и композитор Моис Хасон (1913-1943). Особено бил активен во зачувувањето и негувањето на сефардската музика и водел неколку хорови во Скопје. Ја доживеал истата судбина како и најголемиот дел од Евреите во Македонија – во март  1943 година бил однесен во концентрациониот логор Треблинка.
Хорот Моис Хасон ја почнува својата активност во февруари 2004 година. Составен е од аматерски и професионални пејачи и од членови на заедницата. Хорот е високоетаблиран на различни гостувања и хорски натпревари и на хорски фестивали. Диригент од самиот почеток е маестро Томислав Шопов. Тој е долгогодишен диригент на Македонската опера и балет, диригирал над 1000 оперски и балетски претстави, концерти со филхармониски оркестри на бившите југословенски простори и во Европа. 
Како претставник на Еврејската заедница во Република Македонија, хорот првенствено негува изворни сефардски романси на архаичниот јудео-шпански (ладино) јазик. Со тоа се остварува долгогодишната желба за продолжување на старата хорска и музичка традиција на Евреите од овие простори.

 

 

ПРОГРАМА

Hatiqva & Arca Alinu (Надеж & Во земјата се прселивме)

Jo sto lungi de mi kaza & Mi qerido mi amado (Јас сум далеку од дома & Мој драг мој сакан)

Erev Ba & Eretz Shel Shirim (Вечерта доаѓа & Земја на песните)

Jo la queria... (Ја сакав...)

Mundo sin valor (Безвреден свет)

En la mar (На море)

Adio Querida (Збогум љубена)

Арија на Тевје од мјузиклот “Виолинст на покривот”

Хорот на Евреите од операта “Набуко”

Посветено на Илинден...

Hava Nagila

 

 

2011

 

Љиљана Мизрахи,

Претседател на управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

Горан Садикаријо

Главен извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) и член на управниот одбор на Eврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Крушево,

Плоштад “Никола

артиновски”

РАФАЕЛ МОШЕ КАМХИ – ИЛИНДЕНСКИ ДЕЕЦ ОД ЕВРЕЈСКО ПОТЕКЛО
од Петар Карајанов

 

претставување на книгата:

 

проф. д-р Тодор Чепреганов

Петар Карајанов (автор)

Горан Садикаријо

 

 

За Евреите и Власите во Македонија....

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Претставување на филомот “Трето полувреме”

 
Дарко Митревски, режисер на филмот „Трето полувреме"
Васил Дилев: Последниот жив играч од ФК Македонија
Интегралната верзија на сведочењето на Нета Коен, вистински лик врз кој се темели сценариото на филмот “Трето полувреме”

 

The Third Half (Трето полувреме)-  TRAILER